Струмица со шест кошаркари ќе го одигра дуелот со ФМП Академија

285

Екипата на Струмица откако не го одигра минатиот дуел со Чаир во рамките на плеј-аут делот во Првата лига, денеска на дуелот со ФМП Академија ќе настапи со само 6 кошаркари. Во Скопје дојдоа тројца странски и тројца домашни кошаркари од ростерот на тимот.

Струмичани од поодамна се испаднати од лигата и следната сезона ќе мора да се преселат во понизок ранг на натпреварување, па ќе се обидат да ја спасат честа на клубот и чесно да ја завршат сезоната.

Дуелот со ФМП Академија од 5. коло е претпоследен за нив сезонава, по што за два дена треба да одиграат и натпревар со екипата на Куманово, која исто така испадна од Првата лига.

ПретходноБалканска работа: Браќата на Јокиќ му се потсмеваа на Џек Николсон, имаше и пцовки! (ВИДЕО)
СледноМиленкоски со 14 одбојкари ќе патува за Лоѓ на првиот дуел со Украина