МЗТ Скопје и Пелистер, и оваа сезона се пласираа во финалето на плеј-офот. И двете екипи до последна фаза во битката за титулата стигнаа без грешка во полуфиналето, со 2-0 славеа против Работнички односно ТФТ. Актуелниот македонски првак побара финалето да почне веќе во среда, но сепак битолчани, а не КФСМ, биле “проблемот”, го одбиле барањето на МЗТ Скопје.
Оттука првиот финален натпревар е закажан за во недела (18 часот), серијата стартува од “Јане Сандански”, а до пехарот ќе стигне онаа екипа која ќе дојде до три победи.
Лани МЗТ Скопје беше поуспешен со 3-1.