Бутел Скопје поднесе жалба за мечот со Пролет: Повредени се повеќе ракометни правила!

145

Екипата на Бутел Скопје и официјално поднесе жалба за дуелот со Пролет, кој по голема драма заврши без победник 23-23. Во последните 30 секунди, Бутел не успеа да искористи напад и да ја потврди победата. По ова Мајиќ заработи црвен картон, додека Палевски од седум метри го постави конечниот резултат.

„Ракометниот клуб Бутел Скопје испрати жалба до Ракометната федерација на Македонија за арбитражата на натпреварот од 13 коло во суперлигашкиот плеј-оф против Пролет одигран на 21 мај во спортската сала „Македонско Сонце“, кој заврши 23-23. На овој натпревар повредени се повеќе ракометни правила и нашиот клуб е оштетен во повеќе ситуации. Во второто полувреме на 59:34, семафорот се враќа назад за 4 секунди, што може да се види и на стримот од натпреварот. Играта продолжува од 59:30. Потоа арбитрите Ненад Николовски и Исмаил Металари ја прекинуваат играта на 59:51. Мерачот на време, Илија Давидовски, кој е исто така судија, не го пушта семафорот и покрај тоа што е даден знак за продолжување на играта, што исто така може да се види на стримот од натпреварот – времето од 59:57 одново се враќа назад на 59:54. Сметаме дека натпреварот е „продолжен“ за најмалку 5 до 7 секунди, а тоа директно влијаеше на резултатот. Поднесен е приговор за последниот наш напад, односно црвениот картон на Мирко Мајиќ, кој сметаме дека е неправедно доделен, како и за досудениот пенал и за побараниот тајм-аут на домашниот тренер. Додека траеше тајм-аутот беше досуден и пеналот за домашниот тим што се коси со ракометните правила“, се вели во известувањето на Бутел.

ПретходноПо жесток старт на екс-вардарец, голема тепачка во Србија: Летаа боксови и шлаканици на терен (ВИДЕО)
СледноВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Вардар го освои шампионскиот пехар!