Навивачите на Валенсија го нарекуваа најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор „мајмун“. Крилниот напаѓач имаше конфликт со фановите на овој клуб во текот на целиот меч, а на крајот доби и црвен картон.
По мечот тој се огласи на социјалните мрежи, потенцирајќи дека расизмот станал нормално нешто во Ла Лига.
„Не беше ниту прв, ниту втор, ниту трет пат. Расизмот е нормален во Ла Лига. Тие сметаат дека тоа е нормално, го охрабруваат и сојузот и противниците. Многу ми е жал. Првенството кое некогаш им припаѓаше на Роналдињо, Роналдо, Кристијано и Меси, денес им припаѓа на расистите. Прекрасна нација, која ме пречека и која ја сакам, но која се согласи да му ја претстави сликата на расистичка земја на светот. Жал ми е за Шпанците кои не се согласуваат, но денес, во Бразил, Шпанија е позната како земја на расисти. И за жал, за се што се случува секоја недела, немам одбрана. Но, јас сум силен и ќе одам до крај против расистите. Дури и далеку од овде“.
На оваа негова констатација се огласи и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој му замери бидејќи тој ниту еднаш не се појавил на закажаните средби токму на оваа тема.
На крајот како капак на се, доаѓа и видео на кое фудбалерот на Реал Мадрид е видливо револтиран од прашањето на еден новинар.
„Дали ќе им се извините на навивачите?, беше прашањето на шпанскиот новинар. Бразилецот му одговори кратко: Дали ли си глупав?
Vinicius’s reaction to a Spanish journalist.
Journalist: “Will you apologize to the fan?”
Vinicius: “Are you stupid?”
— Mikael Madridista (@MikaelMadridsta) May 21, 2023