Кошаркарите на Вардар се победници во натпреварите од Втората лига-мажи. Во натпреварот за трофејот, во салата на СРЦ „Кале“, „црвено-црните“ беа подобри од ГКК Охрид со 89:74.
Во последниот меч од сезоната, „вардарци“ беа доминантни во втората и во третата четвртина (49:29), кои беа и повеќе од доволни за шампионскиот трофеј.
Хусеин Бајрам со 18 поени беше најдобриот стрелец во победничката екипа, додека пак во Охрид, 14 поени реализираше Столески.
Претходно, во натпреварот за третото место, кошаркарите на Ангели излегоа како победници против екипата на Соколи 1933 (77:63), во натпревар во кој за тимот од Драчево одлично одигра Михајло Арсовски, реализатор на 33 поени. На другата страна, прв поентер беше Кацарски со 16.поени.
Со тоа и официјално е ставен крај на натпреврувањето во Втората лига-мажи за натпреварувачката сезона 2022/2023. Екипите на Вардар од Скопје и ГКК Охрид се нови прволигаши.