Давид Тошевски се врати во првиот тим на Ростов

461

По долго време, а по заслуга на добрата форма во вториот тим на Ростов, македонскиот интернационалец Давид Тошевски повторно се најде во првиот тим на рускиот премиерлигаш.

Во поразот од Краснодар од 3:0, Тошевски доби половина час во вториот дел што секако дека е голем негов напредок сезонава, и секако награда за одличната форма и головите кои ги постигнува за вториот тим.
Тошевски лесно можеше да постигне гол и на овој меч но, во две ситуации не го посака среќата.

„Нормално дека сум задоволен од она што во моментов ми се случува. По подолг период во кој искрено се мачев да ја пронајдам и формата, но и вистинскиот клуб, на крајот ете во Ростов повторно пронаоѓам голгетерска форма“ – ни изјави Тошевски за Спортмедиа.

 

ПретходноТодоров: Се извинувам за инцидентот со факелот… и на ФК Скопје, и на Комити и на целата фудбалска јавност
СледноТрајковски донесе бод за Ал Фајха (видео)