Дебакл на Бостон, Мајами на чекор до финале (ВИДЕО)

209

По Денвер и Мајами зголеми на 3:0 во серијата. Бостон, исто како и Лејкерс ќе треба да направи нешто што на никого не му успеало, а тоа е да ја сврти серијата. Мајами ги победи Селтикс со 128-102 во третиот натпревар од финалето на Источната конференција и сега е на чекор до битката за шампионскиот прстен.

Винсент постигна 29 поени, рекорд во кариерата, Робинсон додаде 22. Мајами е на прагот да го повтори подвигот на Никс и да биде осми носител во борбата за прстен. Џими Батлер постигна 16 поени, гостите немаа шанси. Минатата година Бостон три пати победи во финалето на Источната конференција на Флорида, но овој Мајами игра со голема самодоверба. Тејтум постигна 14, Браун 12 поени.

Мајами и Денвер би можеле да испишаат историја, никогаш не се случило двете конференциски финалиња да завршат со бришење. Селтикси се обидоа да се вратат под 10 поени на стартот од вториот дел, но кога го намалија резултатот на 61:49, следеше серија од 28:7 погодоци и тогаш згасна сета надеж за гостите.

ПретходноВардар пристигна на плоштад, заедно со Комити слави прва лига (ФОТО)
СледноКалин Ивановски со скок од 44 места на АТП-листата, Ѓоковиќ падна на третото место!