Ждрепката за баражите за ВМФЛ в четврток, мечевите ќе се играат на 28 мај!

1424

И официјално, ждрепката за баражите за пополнување на Втората лига за сезоната 2023/24 ќе се одржи в четврток во 12 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Во шеширот се екипите на Тетекс од втората лига, како и победниците на регионите или третите лиги и тоа Башкими (Куманово), Влазерими (Кичево), Новаци (Новаци), Вардар (Неготино) и Осогово (Кочани).

Веднаш по ждрепката ќе се знаат и стадините и градовите каде ќе се играат натпреварите кои се закажани за во недела (28 мај 2023).

Трите победнички екипи ќе се пласираат во ВМФЛ, како и две од трите поразени. Значи вкупно пет екипи од овие шест во наредната сезона ќе играат во втората лига.

ПретходноКФСМ го одби барањето за финалната серија да стартува во среда!
СледноГи “насамари“ и новинарите: Му побараа изјава а после сфатија дека тој е “двојникот“ на Џек Грилиш! (ФОТО + ВИДЕО)