Вистинска “бомба“ или Ф1 “земјотрес“ предизвика информацијата на Дејли Мејл, дека Ферари го посакува Луис Хамилтон во своите редови. И за тоа му нуди неверојатни 40 милиони фунти годишно.
Познато е дека на Хамилтон, кој седум пати бил светски првак во Ф1, но сега е далеку од такво нешто, договорот со Мерцедес му истекува на крајот од оваа сезона, а нема никакви назнаки од Тото Волф, дека овој тим сака продолжување на соработката со Британецот, кој исто така не крие дека е разочаран од перфомансите на својот болид во последните две сезони.
И сето тоа Ферари сака да го искористи.
Инаку планот на тимот од Маранело е да ги спои Леклер и Хамилтон.
Сепак останува да се види како ќе се одвива ситуација во следните неколку месеци.