Марковски не успеа да се пласира на главниот турнир на Македонија Опен

144

Македонскиот тенисер Обрад Марковски не успеа да се пласира на главниот турнир Македонија Опен 2023. Тој во финалниот меч од квалификациите загуби од Карол Држевиецки од Полска. Противникот го доби мечот со 2-0 во сетови (6:2 и 7:5) за 1 час и 50 минути игра.

За пласманот во финалето од квалификациите Марковски обезбеди два поена.

Пласман на главниот турнир обезбедија уште: Мате Валкуж од Унгарија, Сумит Нагал од Индија и Вилсон Леите од Бразил.

ПретходноКармело Ентони објави заминување во пензија
СледноСекоја чест: Играчите на Чезена го одиграа својот натпревар па потоа помагаа во поплавите! (ФОТО+ВИДЕО)