Мирсад Јонуз повеќе не е тренер на Скопје – си поднесе оставка!

2059

По поразот на Скопје од Вардар во бараж мечот за место во ПМФЛ-лигата, Мирсад Јонуз си поднесе оставка. Поранешниот македонски селектор му се заблагодари на раководството на клубот за условите кои ги обезбеди во месеците додека беше тренер.

„По поразот од Вардар повеќе не сум тренер на Скопје. Голема благодарност до раководството на клубот за сето она што го направија во месеците додека јас бев тренер, ги обезбедија максимално сите услови за функционирање, им посакувам се најдобро во иднина. На играчите пак им порачувам да се замислат за своите кариери“, ни изјави Јонуз.

Вардар вчера го победи Скопје со 3-0 и се врати во Првата лига.

ПретходноЛевандовски со нова изјава дополнително го зголеми бесот на навивачите на Баерн!
СледноПо жесток старт на екс-вардарец, голема тепачка во Србија: Летаа боксови и шлаканици на терен (ВИДЕО)