Мурињо за казната на Јувентус: Да ни го кажевте ова порано…

4353

Рома одигра 2:2 против Салернитана и веројатно ќе остане без пласман во ЛШ (само теорија може да ги однесе таму во последните две кола). Пред овој меч Рома беше седмопласирана, во меѓувреме Јувентус е казнет со 10 поени, па римскиот клуб скокна на шестата позиција.

Тренерот Жозе Мурињо зборуваше за казната на Јувентус и за првенството.

Според мене ова е шега, знаејќи дека треба да одиграме уште два натпревари. Ова е шега за нас, за сите па дури и за Јувентус. Да ми го кажеа ова пред Монца (1:1) или пред Болоња (0:0), нашиот пристап ќе беше поинаков. Дали ова е нерегуларно првенство? Мое мислење е да, но не сакам повеќе да зборувам. Претпочитам да кажам дека ми е жал за професионалците кои работат како мене и кои плаќаат затоа што можеби директорите или клубовите направиле грешка“, изјави Мурињо.

Рома во последните две кола ќе игра против Фиорентина во гости и Специја дома. Но и да останат без ЛШ преку шампионатот, тогаш ќе можат да се квалификуваат таму ако ја освојат Лига Европа затоа што ќе играат финале.

ПретходноНеверојатно: Халанд со необичен “стајлинг“ се појави на прославата на титулата! (ФОТО)
СледноПартизан го „растури“ Студентски центар и се пласира во полуфиналето на АБА лигата