ОФИЦИЈАЛНО: На Јувентус му одземаа 10 бодови и падна на седмото место

443

На Јувентус му се одземени 10 бодови во Серија А и е испратен на седмото место на табелата откако Сојузниот апелационен суд на Италија донесе своја пресуда во скандалот со финансиите па дефинитивно на поранешниот шампион му се одземаат бодови.

Сослушувањето беше одржано денеска во Рим, а обвинителот на ФИГЦ Џузепе Кина го изнесе својот случај и предложи казна од 11 бодови, повеќе во однос на деветте бодови кои првично ги побара во јануари 2023 година. Одговорот на комисијата беше казна од 10 бодови.

Со тоа Јувентус од второто падна на седмото место и ќе има 59 бодови пред дуелот со Емполи.

Во теорија клубот има право на уште една жалба, но малку е веројатно дека ќе им биде прифатена.

Претходно на Јувентус му беа одземени 15 бодови, па по вложената жалба му беа вратени, но сега одлучи Сојузниот апелационен суд.

 

 

ПретходноСудењето во финалето и баражот одлично!
СледноГолем кикс на Рома против Салернитана