Познати се сите екипи кои во сезоната 2023/24 ќе играат во ПМФЛ: И Вардар во елитното друштво!

3364

Со вчерашниот бараж меч за пополнување на ПМФЛ, и конечно заврши официјалниот дел од сезоната 2022/23 во нашата елитна лига. Вардар го победи Скопје со 3:0 во баражот па така нашиот најтрофеен клуб по пауза од две сезони се врати во елитата, а Скопје ќе игра во следната сезона во втората лига.

Ова значи дека Вардар се врати во одбраното или елитнио друштво.

А еве го списокот на екипи кои во наредната сезона ќе играат во ПМФЛ:

СТРУГА ТРИМ ЛУМ (Струга)

ШКУПИ (Скопје)

ШКЕНДИЈА (Тетово)

СИЛЕКС (Кратово)

БРЕГАЛНИЦА (Штип)

ТИКВЕШ (Кавадарци)

МАКЕДОНИЈА ЃП (Скопје)

РАБОТНИЧКИ (Скопје)

А. ПАНДЕВ (Струмица)

ВОСКА СПОРТ (Охрид)

ГОСТИВАР (Гостивар)

ВАРДАР (Скопје)

Ова значи дека од сите досегашни шампиони во елитата наредната сезона ќе ги нема само Победа, која ќе игра во ВМФЛ, и Ренова која како прв тим веќе не постои. Сите останати досегашни шампиони се тука и тоа Вардар, Работнички, Шкендија, Шкупи, Силекс, Македонија ЃП и Струга ТЛ.

ПретходноГи “насамари“ и новинарите: Му побараа изјава а после сфатија дека тој е “двојникот“ на Џек Грилиш! (ФОТО + ВИДЕО)
СледноКалин Ивановски: Среќен сум што ќе играм на турнирот во Скопје!