Пролет со фер-плеј потег, побара да се прифати жалбата на Бутел

180

По жалбата која екипата на Бутел Скопје и официјално ја поднесе за дуелот со Пролет, кој по голема драма заврши без победник 23-23, денеска со соопштение се огласија и од екипата на Т. Пролет.

„Како клуб со традиција долга повеќе од 60 години, наше основно начело отсекогаш бил спортскиот фер-плеј и сме се раководеле преку истиот без оглед на моментите резултати шти биле остварувани.

Токму поради тоа, непријатно сме изненадени од случувањата во самиот финиш на вчерашниот натпревар меѓу РК Тинекс Пролет 62 и РК Бутел, како и од реакцијата на гостинскиот клуб по неговото завршување. Многу полесно ќе беше мечот да го одиграме в сабота и Бутел да биде без важен играч во своите редови, но постапивме крајно спортски и излеговме во пресрет на нивното барање натпреварот да го закажеме за недела. Начелото на фер-плеј и покажување на големина и во победи и во порази е нешто што РК Пролет го красело и се уште го краси, тоа го демонстрираме и во овој случај…

По консултациите извршени во рамките на нашиот клуб, наша препорака е жалбата на РК Бутел да биде прифатена и дуелот да биде регистриран со резултат 22-23, поништувајќи го со тоа последниот гол од пенал за израмнување. Грешките се составен дел од секој спорт, па и од ракометот, не сакаме да биде покажувано со прст кон било кој како виновник за финишот од мечот во нашата сала „Македонско Сонце“. Резултатот во случајов не е толку важен колку респектот што треба да се гради меѓу сите чинители во македонскиот ракомет. Затоа што мак-ракометот е многу повеќе од една победа или пораз…“ се вели во соопштението.

Инаку, во последните 30 секунди, Бутел не успеа да искористи напад и да ја потврди победата. По ова Мајиќ заработи црвен картон, додека Палевски од седум метри го постави конечниот резултат.

ПретходноБитката за титулата стартува во недела од Аеродром
СледноБалканска работа: Браќата на Јокиќ му се потсмеваа на Џек Николсон, имаше и пцовки! (ВИДЕО)