Во натпревар од 5. коло во плеј-аут делот од домашното кошаркарско првенство, попладнево екипата на ФМП Академија тесно со 91:87 славеше над веќе испаднатата Струмица.
Гостите кои не го одиграа мечот од минатото коло, во Скопје допатуваа со 6 кошаркари, кои му дадоа одличен отпор на домашниот состав.
Најдобар поединец на мечот беше Американецот во дресот на Струмица, Обиквелу, кој постигна 36 поени, додека кај победникот Коскоски постигна 25 поени. За ФМП Академија која е лидер во плај-аутот ова беше 9. победа.