Поранешниот младински репрезентативец Ангелче Тимовски и следната сезона останува на „Чаир“. Тимовски и раководството на Шкупи се договориле за продолжување на соработката.
Дефанзивецот и минатата сезона беше дел од чаирскиот состав и ќе остане во тимот да му помогне следната сезона да ја врати титулата. 28-годишниот Тимовски е еден од ретките од годинешниот состав на Шкупи кој се реши за продолжување на соработката, по неколку веќе реализирани заминувања.