Тренерот на Елмас отворено: На Де Лаурентис му кажав се што требаше, немаше никакви преговори!

5839

Лучијано Спалети по 33 години успеа на Наполи да му донесе титула во Серија А. Овој 64-годишен тренер феноменално го предводеше тимот до Скудетото, но следната сезона нема да биде на клупата.

Иако директно не кажа дека заминува на крајот од сезоната, Спалети тоа го објави преку многу интересна изјава по натпреварот во кој неговиот тим го совлада Интер со 3:1.

„Ако не сте убедени дека на овој клуб му давате се што заслужува, тогаш имате целосно право да ги преиспитате одлуките. Оваа идеја не е така изродена, таа е веќе јасна и само треба да се објави“, рече Спалети по натпреварот и додаде:

“Не очекувам ништо бидејќи се е веќе познато. Потребно е само официјално соопштение. Му кажав на претседателот Де Лаурентис се што требаше да му кажам и немаше никакви преговори. Решивме се”.

Друга реченица е доказ дека разделбата е близу. Тоа е многу појасно од претходното

“На овој тим не му треба никој бидејќи знае да игра фудбал. Спортскиот директор Џунтоли и претседателот добро го составија тоа. Тимот има срце, квалитет, дух, верба во себе. Лесно е да се работи во таков тим”, е пораката на искусниот тренер.

Според најавите на местото на Сплаети треба да дојде Антонио Конте со кого раководството на Наполи веќе е во преговори.

ПретходноВинисиус полуде на новинарско прашање: Дали си глупав?
СледноЛевандовски со нова изјава дополнително го зголеми бесот на навивачите на Баерн!