По финалниот натпревар од Купот кој се одигра во саботата и синоќешната голема прослава по повод шампионската титула, екипата на Струга Трим Лум од денеска е на заслужен одмор каде ќе остане до 5 јуни.
Ова е датумот кога клубот ќе ја започне европската мисија и во исто време подготовките за сезоната 2023/2024.
Потсетуваме, Струга Трим Лум оваа година ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите.
А името на првиот противник ќе го дознае на 20 јуни, кога тимот веќе ќе биде во втората недела од подготовките.