Југослав Тренчовски си замина од Ал Араби Спорт Клуб

763

Искусниот македонски стратег, Југослав Тренчовски си замина од прволигашот од Кувајт, Ал Араби Спорт Клуб, каде што престојуваше во изминатите две години.

Тој во Кувајт замина првенствено како технички директор на младинската школа на клубот, па потоа тренер на првата екипа, за да финишира повторно со технички директор и тренер на У21 тимот.

„Да, точно е дека заминувам од Кувајт. Благодарност за укажаната шанса и прекрасното искуство во Кувајт во изминатите две години. Сепак, време е за нов предизвик, а ќе видиме во периодот кој следува за што станува ќе станува збор“ – ни изјави Тренчовски.

Тој долги години е дел од мак фудбалот првенствено како дел од Академија Пандев што како прв човек на академијата, што како тренер, што како директор. Во минатото беше селектор и на младинските репрезентации на Македонија.

ПретходноСтрумица со 6 кошаркари добро се држеше против ФМП Академија
СледноТодоров: Се извинувам за инцидентот со факелот… и на ФК Скопје, и на Комити и на целата фудбалска јавност