Њукасл си осигура ЛШ, само чудо го спасува Лестер

325

Њукасл и Лестер одиграа без голови во 37 коло на англиската Премиер лига. „Страчките“ беа апсолутно надмоќни на овој меч имаа многу шанси меѓутоа не ја затресоа мрежата на гостите кои беа катастрофално лоши затоа што не упатија ниту еден удар на голот на противникот иако им „гори“ под нозе и бркаат опстанок.

Со овој резултат најзадоволен е Њукасл кој си го осигура местото во Лигата на шампионите, ќе игра таму за првпат по 2003 година. Со 70 поени ја држи третата позиција и не може да падне подоле од четвртото место на едно коло до крајот.

А од друга страна Лестер има 31 бод на 18 позиција. Евертон кој е место пред нив има 33 бода. Тоа значи дека на „лисиците“ ќе им треба чудо во последното коло за да го осигураат опстанокот.

Лестер ќе игра дома со Вест Хем и му треба победа но и Евертон да киксне во дуелот со Борнмут на домашен терен.

 

ПретходноЕмполи го дотолчи Јувентус, ја запиша највисоката победа
Следно„Маестро Јокиќ“: Урна рекорд, ги „исчисти“ Лејкерс и го однесе Денвер во финале (ВИДЕО)