Голем кикс на Рома против Салернитана

73

Екипата на Рома одигра 2:2 против Салернитана во 36.коло од Серија А и испушти голема шанса да се врати во игра за место во ЛШ идната сезона. По казната на Јувентус, сега Рома е на шестата позиција со тоа што треба да доигра уште два меча. Теоретски се уште Рома има шанси за ЛШ со две победи до крајот и киксеви на Милан кој е на четвртото место, последно кое води во елитното европско клупско натпреварување.

Салернитана поведе со гол на Кандрева во првото полувреме, Ел Шарави изедначи во 47 минута, а во 54 минута гостите пак дојдоа во водство со погодок на Диа.

Немања Матиќ изедначи во 83 минута и донесе бод за Рома.

 

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: На Јувентус му одземаа 10 бодови и падна на седмото место
СледноШампионот до 5 јуни на заслужен одмор