Ди Марија си оди од Јуве, следна станица е Барса!?

396

Анхел Ди Марија и Јувентус не успеаја да се договорат за продолжување на договорот. Поточно Аргентинецот не ја прифати понудата на раководството на клубот од Торино за нова соработка.

Па така светскиот првак има намера да се пресели во Барселона, која одамна е заинтересирана за неговите услуги. Ди Марија не крие дека тој сака уште барем една сезона да одигра заедно со својот голем пријател Лео Меси како што беше во сезоната 2021/22 кога и двајцата настапуваа во ПСЖ.

Убаво за Барса е тоа што Ди Марија би дошол како слободен играч, но сепак сеуште нема договор со Лео Меси.

ПретходноЧовекот што го судеше финалето во Катар, сега ќе им суди на Интер и Сити во Истанбул!
СледноКФСМ го казни Работнички со 89.000 денари за инцидентите на неговите фанови!