Пред мечот со Емполи Апелацискиот суд во Рим му одзема на Јувентус 10 поени, а потоа тимот доживеа дебакл во дуелот со аутсајдерот во рамките на Серија А. Јувентус доживеа пораз од 4:1 на ова гостување.
Овој резултат е историски за Емполи. Тимот ја забележа највисоката победа над „Старата дама“ досега.
Франческо Капуто во 18 минута од пенал го отвори резултатот, зголеми Луперто во 21. минута.
На почетокот на второто полувреме Капуто повторно ја затресе мрежата на Шчесни. Vo 85 минута Федерико Киеза намали, а во последните секунди Пиколи ги постави конечните 4:1.