КФСМ го одби барањето за финалната серија да стартува во среда!

835

Иако полуфиналната серија веќе одамна заврши и според некоја логика МЗТ Скопје и Пелистер веќе оваа среда требаше да ја одиграат првата средба во рамките плеј-оф финалето, сепак тоа нема да се случи.

Македонскиот првак побарал од федерацијата да не се одовлекува стартот на битката за титулата, нешто за што против немаат ниту во Пелистер, но одговорот бил спротивно од желбите.

МЗТ Скопје и Пелистер првиот финален натпревар ќе го играат во сабота, на тој начин како и секогаш кошаркарскиот шампионат ќе заврши последен од сите останати, пракса која се применува веќе со години, како и онаа дека од понеделник до недела се игра едно првенствено коло.

Одложување на почетокот на финалето е лошо и за тимовите, кои зад себе имаат напорна сезона, па веќе и самите сили се пред крајот. Но, секако КФСМ го има последниот збор, а тој е дека финалето мора да стартува во сабота. Тимот кој ќе стигне до три победи ќе го подигне пехарот.

ПретходноВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Вардар го освои шампионскиот пехар!
СледноЖдрепката за баражите за ВМФЛ в четврток, мечевите ќе се играат на 28 мај!