Реал со официјално соопштение, поддршка за Винисиус од Инфантино, Нејмар, Роналдо, Мбапе…

1700

По се она што се случуваше во врска со расистичките повици кон Винисиус за време на мечот со Валенсија, во текот на денот со официјално соопштение се огласи и неговиот клуб, Реал Мадрид.

Реал Мадрид најостро ги осудува настаните што се случија вчера врз нашиот играч Винисиус Јуниор.

Овие настани претставуваат директен напад врз социјалниот и демократскиот модел на соживот на нашата држава заснован на владеење на правото.

Реал Мадрид смета дека ваквите напади исто така претставуваат злосторство од омраза и затоа го поднесовме соодветниот извештај до Канцеларијата на јавниот обвинител, поточно до Обвинителството против злосторствата од омраза и дискриминација, со цел да се истражат фактите и одговорните да одговараат.

Членот 124 од шпанскиот Устав пропишува дека улогата на Јавното обвинителство е да го промовира спроведувањето на правдата во одбрана на законитоста и правата на граѓаните и јавниот интерес.

Со оглед на сериозноста на настаните што се случија, Реал Мадрид поднесе жалба до Канцеларијата на јавниот обвинител, без да се загрози неговата положба како приватен обвинител во која било постапка што може да биде покрената“ се вели во соопштението на “кралевите“.

Инаку Винисиус доби поддршка од голем број негови колеги, како на пример Нејмар, Роналдо, Мбапе, Рио Фердинанд, а се огласи и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

ПретходноКалин Ивановски: Среќен сум што ќе играм на турнирот во Скопје!
СледноЧовекот што го судеше финалето во Катар, сега ќе им суди на Интер и Сити во Истанбул!