Тодоров: Се извинувам за инцидентот со факелот… и на ФК Скопје, и на Комити и на целата фудбалска јавност

5670

По 24 часа откако заврши бараж дуелот за влез/опстанок во ПМФЛ шампионатот и по победата на Вардар над Скопје со убедливи 3:0 не престануваат коментарите и „рефрерањето“ на импресиите од мечот. Вистински дуел во кој доминираше Вардар, а еден од клучните моменти беше црвениот картон на Миле Тодоров.

Играчот за врска на Скопје, во еден момент, зеде во рака запален факел, дел од кореографијата на Комити и го фрли во нивен правец. Нормално, санкциониран со директен црвен картон, со што Скопје остана со десет играчи.

Сега, откако сите „глави се оладија“, самиот Миле Тодоров најде за сходно да се извини за овој непромислен потег, што реално никој не го ни очекуваше од некогашниот интернационалец и младински репрезентативец на Македонија.

„Се извинувам. Што друго можам да кажам. Во момент на нервоза го направив овој глупав потег. Свесен сум што направив и сакам со оваа изјава да ставам до знаење дека немав никаква задна намера. Туку едноставно без премногу нервозен поради нашата игра. Секако немав намера да го направам тоа кон Комитите. Извинување со мојот клуб, до навивачите Комити кој исклучително ги ценам, покажаа што можат виде цела Македонија. Извинување и до ФК Вардар, до целата македонска јавност. Оние кои ме познаваат знаат дека ова не е типичен потег за Миле Тодоров, и дека тешко дека некогаш ќе го повторам“ – вели Миле Тодоров за Спортмедиа.

ПретходноЈугослав Тренчовски си замина од Ал Араби Спорт Клуб
СледноДавид Тошевски се врати во првиот тим на Ростов