Човекот што го судеше финалето во Катар, сега ќе им суди на Интер и Сити во Истанбул!

721

Шимон Марчињак ќе биде главен судија во финалето од Лигата на Шампионите, кое се игра на 10 јуни во Истанбул а во него се среќаваат Интер и Манчестер Сити. Да се потсетиме дека токму судијата од Полска го судеше финалето на СП во Катар во кое Аргентина на пенали ја победи Франција, а Марчињак го судеше и реваншот од полуфиналето меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Додека Ентони Тејлор од Англија ќе го суди финалето во Лигата на Европа меѓу Рома и Севилја, кое се игра во Будимпешта на 31 мај.

ПретходноРеал со официјално соопштение, поддршка за Винисиус од Инфантино, Нејмар, Роналдо, Мбапе…
СледноДи Марија си оди од Јуве, следна станица е Барса!?