Алегри збесна: Зошто одма не кажавте дека планирате да нѐ ИЗБОДЕТЕ и ОТРУЕТЕ

599

Јувентус едвај чека да ја заврши оваа турбулентна сезона која освен што е лоша резултатски, го казнуваа поради финансиски малверзации. На Јувентус прво му беа одземени 15 бодови, после неколку недели му беа вртени, па вчера пред мечот Апелацискиот суд во Рим одлучи да го казни торинскиот клуб со одземање на 10 бодови.

Освен што Јувентус доживеа убедлив пораз од Емполи, ќе остане и без учество во ЛШ.

Алегри беше бесен на одлуката и го нарече потегот на ФИГЦ кукавички.

Ова е кукавички потег. Играчите дадоа се од себе оваа сезона. Нормално, чудно беше тоа што казната стигна десет минути пред натпреварот со Емполи. Сега што можеме да направиме е да молчиме и да го прифатиме поразот. Пред натпреварот имавме 69 бодови и бевме втори на табелата, тоа на сите да им биде јасно“, изјави Алегри.

Не можам да им најдам замерка на играчите затоа што ситуацијата не е лесна. Ни наредните денови нема да биде лесно бидејќи испаднавме од ЛЕ (поразот од Севиља) потоа ја добивме веста за одземање на бодови на десет минути пред мечот. А три месеци ни одземаат и ни враќаат бодови. Не барам оправдување, но дефинитивно ова е ненормална сезона“, додаде искусниот стручњак.

Јувентус е втор на табелата и тоа го заслуживме на терен. Не знам што да кажам друго. Прифаќаме се, навистина се надевам дека ова ќе се реши еднаш за секогаш. Што побргу нека решат каде сакаат да го видат Јувентус. Да знаеме на што сме. Јас го сваќам ова како недостаток на почит кон луѓето кои работат, играчите и тренерите.

Барем да ни кажеа пред два месеци која е казната. Да ни кажеа да бираме дали сакаме да бидеме избодени или отруени ќе одберевме и крај. Ќе знаевме на што сме…“, додаде Алегри.

ПретходноИвановски елиминиран на стартот на турнирот во Скопје
СледноГастон ја доби највисока парична казна во тенисот