Гастон ја доби највисока парична казна во тенисот

103

Францускиот тенисер Уго Гастон е казнет со неверојатни 144.000 евра од Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) поради неспортско однесување за време на мечот со Борна Чориќ во второто коло на мастерсот во Мадрид.

Тој беше обвинет дека намерно го пуштил второто топче на терен за време на поен кој му беше загубен во дуелот со Чориќ за да го принуди судијата да го повтори поенот.

„ Според новите правила на АТП воведени годинава, казните поврзани со неспортско однесување се зголемуваат за 100% со секој следен прекршок. Ова беше четврта казна за Гастон и поради тоа нејзиниот износ е огромен“, објаснија од АТП.

Со жалба казната може да му биде намалена на половина под услов тој да не направи нов ваков прекршок во наредните 12 месеци.

Французинот во моментов е 108. тенисер на светот.

ПретходноАлегри збесна: Зошто одма не кажавте дека планирате да нѐ ИЗБОДЕТЕ и ОТРУЕТЕ
СледноНајдобриот играч на ЛШ е роден глув, тоа не му пречи да реди успеси