Игли Таре ќе си замине од Лацио

397

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, навести дека би можел да го напушти клубот ова лето. Договорот на долгогодишниот оперативец на Римјаните истекува на крајот на следниот месец, а дали да остане на Олимпико ќе разговара со претседателот на клубот Клаудио Лотито. Според информациите, Ајнтрахт Франкфурт има сериозна понуда за Таре да го пресели во своите редови. 

„Имам голема наклонетост и љубов кон овој клуб. Тука сум вкупно 18 години, врска која никогаш нема да се прекине. Договорот ми истекува за нешто повеќе од еден месец. Јас и претседателот треба да размислиме што ќе биде најдобро, но ќе размислиме и што е најдобро за мојата иднина. Во овој клуб сум долго време. На крајот на краиштата, правилно е да се оцени и да се донесе соодветна одлука, особено за клубот. Имам јас мои планови, и ќе разговарам со претседателот, но има многу работи што треба да се расчистат. Важно е што е најдобро за клубот тоа ќе биде појдовна точка во разговорите“, прокоментира Таре за „Скај Спорт Италија“, кој призна дека во клубот се разговара и за евентуална продажба на ѕвездата Сергеј Милинковиќ-Савиќ. 

 

ПретходноМајсторија на Роналдо го остави Ал-Наср во игра за титулата (ВИДЕО)
СледноБарселона веќе одамна е на одмор, Ваљадолид убедлив!