Фудбалер на Емполи го испровоцира Влаховиќ: За тебе ли дадоа 80 милиони?

485

Јувентус доживеа дебакл на гостувањето кај Емполи од 4:1 и се простија од настап во ЛШ идната сезона. Откако му одземаа десет бодови од ФИГЦ и по овој пораз јасно е дека нема да се гледа елитен фудбал во Торино наредната година.

Интересен момент уловија камерите на мечот. Играчот на Емполи, Лијам Хендерсон во еден момент го испровоцира Влаховиќ алутирајќи на сумата која Јуве ја плати за Србинот.

Ух, 80 милиони? 80 милиони? Оф…“, саркастично му се обрати Шкотот на српскиот напаѓач кој игра лошо и пак не постигна гол, па се погласни се информациите дека тој мора да биде продаден.

ПретходноСтоле Димитриевски со 150 настапи за Рајо
СледноЛоренцо Вила на радарот на Шкендија