Рафаел Надал минатата недела потврди дека нема да се натпреварува на Ролан Гарос бидејќи не можел да ја санира повредата на колкот, а после тоа најави дека следната година ќе му биде последна во професионалната кариера.
Уште тогаш се најавуваше дека нема да биде подготвен за настап на Вимблдон во јуни, а сега тоа е потврдено.
Објавен е списокот на играчи пријавени за третиот Грен слем сезонава, а на него го нема Надал. Да потсетиме, Шпанецот заработи повреда на колкот на овогодинешниот Австралија опен, каде изненадувачки беше елиминиран во второто коло.
Wimbledon men’s entry list (main draw + alternates)
Confirmed withdrawal – Rafael Nadal pic.twitter.com/uY15oCeWq9— Michal Samulski (@MichalSamulski) May 23, 2023