Шампионот на Саудиска Арабија Ал-Хилал е меѓу кандидатите за потпис на Садио Мане, пренесува „Footmercato“. Заедно со Сенегалецот, интерес од клубот е покажан и за и Еден Азар.
Ал Хилал како клуиб периодов е доста амбициозен во обидот да донесе големи ѕвезди во својот тим, и веќе се обиде да стигне до Лионел Меси , но тој најверојатно ќе се врати во Барселона.
Од друга страна пак, Садио Мане е на излезна врата од Баерн каде е тотално разочарување, и иако за него покажува сериозен интерес тимот на Њукасл можно е тој да се упати на Блискиот исток и фудбалски да се „пензионира“ што се вели.
Истото, со оглед на минутажата, а особено формата го чека и Еден Азар, за кого веројатно летово ама апсолутно освен Ал – Хилал нема да биде заинтересиран.