Алегри: Би било кукавички сега да го напуштам Јувентус

155

Масимилијано Алегри изрази огорченост поради тоа што на Јувентус повторно му беа одземени бодови и тоа на крајот на сезоната во Серија А. Јувентус од синоќа и официјално е без 10 бода од контото на табелата поради случајот со „фингирани бројки“ во финансиските извештаи.

„Не можеме да бараме изговори, ние сме Јувентус, навикнати сме да победуваме или барем да се бориме за победа. Нормално, чудно е што пресудата е донесена на 10 минути пред почетокот на натпреварот. Но, ова не го оправдува нашиот психолошки колапс. Сега можеме само да молчиме и да го прифатиме поразот. Пред мечот имавме 69 бода, бевме втори. И по одземањето на 10 бода, денешната победа ќе ни дадеше шанси да конкурираме за пласман во Лигата на шампионите. За жал, работите испаднаа поинаку. И следните денови ќе бидат тешки. Треба да разговараме за се со управата, да дознаеме каде ќе играме и дали ќе не пуштат во Лигата на Европа. Би било кукавички од моја страна да го напуштам Јувентус во овој момент. Разочаран сум, но не можам за ништо да го обвинам тимот, бидејќи околностите постојано се менуваат“, вели Алегри.

ПретходноЈокиќ го праќа Леброн во пензија: Добро ќе размислам дали ќе продолжам!
Следно„Л“Екип“ најавува „бомба“: Манчестер Ј. преговара со ПСЖ за Нејмар!