Битола се подготвува за шампионскиот викенд: Пелистер ги откри сите детали!

1562

Пелистер е подготвен за шампионскиот викенд. Последниот меч од оваа сезона, Пелистер го игра на домашен терен против Тиквеш (сабота, на 27 мај, 18:00 часот), билетите за оваа средба ќе бидат пуштени во петок, а истите ќе се продаваат по цена од 250 денари, покрај карта, битолчани ќе добијат и шампионска маичка.

По крунусувањето на ракометарите, главната фешта ќе се префрли на плоштадот Магнолија. Пелистер после 18 години ќе го подигне шампионскиот пехар, а покрај тоа следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, па битолчани имаат право за славје.

„Ве молиме да ја понесете со себе и да ја „обоиме“ спортската сала во зелено за време на натпреварот. Носителите на сезонски билети на посебен пункт пред салата од петок 15:00 часот ќе може да ја подигнат шампионската маичка. Ве молиме в сабота попладне најдоцна до 17:30 часот да ги заземете своето место во спортската сала „Боро Чурлевски“. РК Еурофарм Пелистер ги повикува своите пријатели, симпатизери и навивачката група „Чкембари“ в сабота заеднички да ја прославиме шампионската титула за сезоната 2022/23. По завршувањето на натпреварот, од 20:00 часот на плоштадот Магнолија во Битола ќе започне централната прослава за сите битолчани, во кој е е предвидена богата забавна, музичка и спортска програма. Деталите околу ракометниот хепенинг ќе бидат објавени на денот на натпреварот“, порачаа од таборот на Пелистер. 

ПретходноМаката на Халанд: Не можам повеќе да живеам нормално
СледноЦрвена Звезда го „растури“ Будуќност за финале!