Каланоски нема повеќе да напаѓа за Гостивар

3689

Помалку зачудувачки, но тимот на Гостивар, инаку нов прволигаш за следната сезона, се разделува со својот најдобар играч и голгетер Антонио Каланоски.

Спортмедиа дознава дека стрелецот на 25 гола на исто толку мечеви изминатата сезона за Гостивар денеска си замина од клубот, и дека наесен ќе го гледаме во друг клуб.

Каланоски е искусен наш прволигашки напаѓач кој во својата кариера настапуваше уште и за Охрид, Металург, Локомотива, Силекс, Победа, Беласица…, а своевремено беше и младински репрезентативец на Македонија.

 

ПретходноБрегалница без Хаџановиќ и Џокиќ во иднина
СледноБукајо Сака останува во Арсенал за 200.000 фунти неделно