Силниот АТП Челинџер 75 турнир, Македонија Опен 2023 кој се одржува веќе трет ден во Скопје, денеска на програмата ќе има 11 мечеви од првото коло како и два меча од турнирот во конкуренција на двојки.
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски денеска ќе го има својот прв настап на нашиот најсилен турнир и тоа на Централниот терен на ТК Југ како втор меч од дневната програма. Ивановски за противник го има Дино Прижмиќ од Хрватска.
Од мечевите во двојки ќе настапи и македонската комбинација Обрад Марковски и Горазд Србљак, кои ќе играат против Филип Бергеви (Шведска) и Џејсон Тејлор (Австралија). Денешните дуели на ТК Југ почнуваат по 10.30 часот.