Македонскиот тенисер Калин Ивановски имаше лош настап на првиот меч на АТП челенџерот во Скопје. Нашиот најдобар тенисер во моментов денеска претрпе пораз од Дино Призмиќ од Хрватска со 0:2 во сетови (4:6 и 1:6).
Призмиќ е на 295 место на АТП листата и влезе како фаворит против Ивановски кој е на 415 место на истата листа, па Хрватот ја оправда фаворитската улога.