„Л“Екип“ најавува „бомба“: Манчестер Ј. преговара со ПСЖ за Нејмар!

205

Манчестер Јунајтед летово би можел да направи сензационален трансфер. Ако им веруваме на новинарите на француски „Л’Екип“, Јунајтед е во преговори со ПСЖ за потписот на бразилската ѕвезда Нејмар, кој би можел да ја напушти француската престолнина на крајот од сезоната.

Според медиумите, неколку клубови од Премиер лигата се заинтересирани за Нејмар, но преговорите со Јунајтед засега се во напредна фаза.

Јунајтед наводно бил најзаинтересиран за првична позајмица, додека ПСЖ повеќе би сакал трајно да го продаде 31-годишниот Нејмар. Англискиот гигант веќе го има во составот сонародникот на Нејмар, Касемиро, а се вели дека играчот од средниот ред притиска да го види Нејмар на „Олд Трафорд“.

ПретходноАлегри: Би било кукавички сега да го напуштам Јувентус
СледноИџе прв во генералниот пласман од европскиот шампионат на ридски патеки