Како што пренесуваат англиските медиуми, Ливерпул во обидот летово да го реновира својот тим ќе стартува од одбраната и ќе се обиде да го доведе во своите редови во моментов дефанзивецот на германски Волфсбург, Мики Ван де Вен.
Холанѓанецот во моментов има 22 години и вреди околу 20 милиони евра. Тоа е играч кој според извештаите има неверојатна брзина за дефанзивец, поточно во просек се движи со 35.87 километри на час.
Потекнува од младинската школа на Волендам, а во Германија пристигна во 2021 година.