Магдебург ја доби Барселона, а Раул против Душебаев на Ф4 турнирот

130

Познати се полуфиналните парови за Ф4 турнирот во ракометната Лига на шампиони. Завршниот турнир ќе се одигра во „Ланксес арена“ во Келн, а во битката за трофејот се четири екипи од различни држави.

Ждрепката одлучи, претставникот на Германија, Магдебург да се соочи со Барселона, додека Пари Сен Жермен ќе игра со Киелце.

Барселона е бранител на трофејот освоен минатата година. Ф4 турнирот се игра на 17 и 18 јуни.

 

 

ПретходноСлот ќе го напушти Феенорд за да го предводи Тотенхем
СледноМакедонија ЃП се раздели со Бразилецот Матеус