Маката на Халанд: Не можам повеќе да живеам нормално

1767

Норвежанецот, Ерлинг Халанд на 22 години има сезона која многу легенди ја немаат доживеано во богатите кариери.

Доминира во најдобрата лига на светот, руши рекорди и поставува највисоки стандарди. Славата што ја добива во овој момент го менувам неговиот начин на живот.

„Не можам повеќе да живеам нормално. Тешко ми е да ги правам најобичните работи, но тоа е мојот живот. Немам поплаки. Секој ден се трудам да бидам тоа што сум и да се опкружувам со добри, искрени, пристојни луѓе. Мислам дека тоа е клучот. Така го имам подредено живот, а за останатото не ми е грижа“, изјави Халанд.

Стрелец на 52 гола на 50 натпревари во Манчестер Сити, слободното време го поминува гледајќи фудбал, што доволно говори колку е посветен на својот напредок.

„Гледам многу фудбал во слободното време, но не гледам репризи на моите натпревари. Многу луѓе го прават тоа, но јас не верувам во тоа. Мислам дека тогаш премногу би размислувал за мојата игра, што според мене не е добро“, изјави Халанд.

„Граѓаните“ се вратија на тронот на Премиер-лигата, останува само Лигата на шампионите да ја постигне круната на целиот клуб, вклучувајќи го и Халанд.

ПретходноНБА лига не простува, го казни Џими Батлер!
СледноБитола се подготвува за шампионскиот викенд: Пелистер ги откри сите детали!