Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Македонија Ѓорче Петров остана без бразилскиот крилен фудбалер Матеус Лемос. Клубот преку социјалните мрежи ја објави разделбата со 24-годишниот играч посакувајќи му среќа во понатамошната кариера.
Лемос дојде во Ѓорче Петров пред стартот на претходната сезона, а два пати го освои Купот на Македонија.