По седум години Димо Димов си замина од Академија Пандев

1895

Досегашниот капитен и солб на одбраната на тимот на Академија Пандев, Димо Димов повеќе не е член на прволигашот од Струмица. Во насока на реконструкција на тимот, со оглед на новата сопственичка структура, секако дека ќе дојде и промената на играчкиот кадар.

Па така, прв од редот кој заминува и се збогува со Академија Пандев е некогашниот македонски младински репрезентативец.

„Голема благодарност на Академија Пандев како клуб, и на Горан Пандев како сопственик за долгогодишната соработка. Му посакувам успех на клубот во понатамошното функционирање, а јас вртам нова страница од кариерата“ – ни изјави Димо Димов за Спортмедиа.

 

ПретходноНајдобриот играч на ЛШ е роден глув, тоа не му пречи да реди успеси
СледноБрегалница без Хаџановиќ и Џокиќ во иднина