Слот ќе го напушти Феенорд за да го предводи Тотенхем

167

Тотенхем продолжува да бара нов тренер за идната сезона, а според „Спорт Билд“ и „Де Телеграф“ раководството на клубот веќе пикирал стратег кој прифатил да работи на „Вајт Харт Лејн“. Според изворите, се работи за холандскиот тренер Арне Слот чиј агенти потврдиле дека нивниот клиент е расположен да го предводи лондонскиот тим.

Веќе биле одржани неколку средби, а нова рунда преговори се закажани за среда (24 мај) каде што се очекува финализирање на деталите околу договорот. Тотенхем на Феенорд ќе мора да плати компензација од 6 милиони фунти.

Слот го предводи Феенорд од летото 2021 година, а под негово водсто тимот стигна до финалето на Лигата на конференции минатата година кога загубија од Рома, а оваа сезона е шампион во Холандија.

FOTO> twitter.com/Feyenoord

ПретходноЉафтов пред Украина: Силни се, но и ние сме искусни и знаеме што можеме
СледноМагдебург ја доби Барселона, а Раул против Душебаев на Ф4 турнирот