Столе: Во Рајо би останал до крајот на кариерата, но прво да се обидеме да го победиме Реал

282

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски утре со неговиот Рајо Ваљекано гостуваат кај Реал (М) во градското дерби кое за неговиот тим може да значи место во европските купови следната сезона. Ако Рајо успее да ги освои трите бода на „Бернабеу“, се уште може да смета на место кое води во Европа следната сезона.

„За да го победиме Реал Мадрид, мора да бидеме свои. Се надевам дека ќе одиграме добро и ќе победиме. Подготвени сме да тргнеме во напад и ќе се трудиме до крај да ги освоиме трите бода“, вели Димитриевски во интервју за едно локално радио. 

Во продолжение беше прашан и за неговиот статус и кариера во составот на клубот од мадридското предградие.

„Рајо е тимот на мојот живот кој ми даде можност да играм во првата лига. Многу сум среќен и никогаш нема да можам да му вратам на Рајо се што направи. Постои шанса да завршам со кариерата по 6-7 години и ако можам би останал тука до крајот за да му вратам на Рајо за се досега. Веќе направив 150 натпревари во дресот на овој клуб и се надевам дека ќе можам да одиграм уште 300, растејќи се повеќе секој ден. Навивачите, клубот… сите ми ја дадоа својата љубов и тука се чувствувам многу важен“, вели нашиот репрезентативен голман.

ПретходноИџе прв во генералниот пласман од европскиот шампионат на ридски патеки
СледноРепрезентацијата во ракомет на плажа замина на ЕП во Португалија