Столе Димитриевски со 150 настапи за Рајо

205

Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со години веќе со успех настапува во шпанската Примера. Поточно во дресот на Рајо Ваљекано каде што неколку сезони е незаменлив меѓу диреците.

Токму поради овој факт, нашиот Столе стигна до бројката од 150 настапи за овој клуб, нешто што очигледно на ретко кој странец му успеало.

Димитриевски одлично се снајде во Шпанија каде што мина грото од неговата досегашна кариера, а како стојат работите во блиска иднина тој и нема намера да менува средина.

Столе нека ти е со среќа јубилејот, и да дочекаш уште многу успеси во дресот на твојот клуб.

 

ПретходноБукајо Сака останува во Арсенал за 200.000 фунти неделно
СледноФудбалер на Емполи го испровоцира Влаховиќ: За тебе ли дадоа 80 милиони?