Тотенхем врти друг лист: Во иднина ќе го копира моделот за трансфери на Брајтон и Брентфорд

514

Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви е решен да им стави крај на промашените трансфери во клубот. Според информација н авесникот „Тајмс“, тој сака да го ископира моделот на трансфер политика кои го имаат Брентфорд и Брајтон со ангажман на експерти за податоци во потрагата по поефикасни трансфери.

Брајтон и Брентфорд во голема мера користеа експерти за податоци кога се склучуваа зделки на трансфер пазарот. „Тајмс“ пишува дека Леви одржал состаноци со експерти во овој сектор на статистички податоци и проверки на бројки зад имињата на фудбалерите, кои во иднина ќе помогнат да се развие модел на податоци за играчи кои Тотенхем би требало да го донесе на „Вајт Харт Лејн“.

Тотенхем моментално е во потрага по нов спортски директор, кој според Леви во иднина ќе биде личност која ќе биде експерт кој во голема мера ќе се потпира на вакви податоци во својата работа. Употребата на статистички модели во фудбалот е добро позната алатка која некако стана популарна со успехот на дански Митјиланд, кој сега е во рацете на истиот газда кој е сопственик и на англиски Брентфорд.

Покрај нов спортски директор, Тотенхем се уште е во потрага по нов менаџер за претстојната сезона.

ПретходноОтказ за судијата од ВАР кој ја исече снимката од инцидентот на „Местаља“
СледноОФМ: Бесплатен влез за натпреварите од Европската лига 2023