Како што е тоа обичај во летниот преоден рок кај македонските прволигаши, голем дел од странските засилувања заминуваат откако минале краток рок кај нас.
Таков е случајот со интернационалците од Хрватска односно Србија во таборот на Брегалница, Хаџановиќ и Џокиќ кои нема повеќе да бидат дел од прволигашот од Штип.
Како што пак Спортмедиа дознава, младинскиот репрезентативен голман, Давид Денковски, како и офанзивецот Дарко Додев се пред трансфер во тимот на Шкупи.